Торакс ДОО е градежна компанија основана во 1991 година, која се бави со проектирање и изведба на алуминиумска конструкција, посебно на алуминиумски фасадни конструкции.
Торакс ДОО, своите активности базирани на долгогодишното акумулирано искуство ги посветува на обезбедување на квалитет на изведбата и задоволување на инвеститорите. За зајакнување на оваа посветеност, ние воспоставивме и одржуваме систем за управување со квалитет, кој ни овозможува постојано да ги подобруваме нашите активности и процеси, а со тоа и производите кои ги нудиме.
Торакс ДОО својата политика за квалитет ја остварува преку:
- Ориентираност кон инвеститорите:Задоволување и надминување на барањата на нашите инвеститори во однос на квалитетот на производите кои ги нудиме.
- Почитување на вработените: За да понудиме квалитетен производ, потребен е добар, обучен и мотивиран тим. За таа цел вложуваме во стручното доусовршување на нашите вработени. Водиме грижа за интересите на нашите вработени и постојано ја унапредуваме климата на добра соработка кај вработените со што се зголемува нивната доверба и приврзаност кон организацијата.
- Почитување на подизведувачите:Создавање и одржување на добри партнерски односи со нашите подизведувачи, кои придонесуваат за остварување на целите на Торакс ДОО, заради квалитетно изведување на работите и задоволување на потребите и барањата на инвеститорите.
- Почитување на околината:Насоченост кон континуиран развој на организацијата со целосно прифаќање на одговорноста кон општеството и околината.
Торакс ДОО Скопје во иднина се обврзува на:
- Континуирано одржување, преиспитување и подобрување на ефективен и успешен систем за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ИСО 9001:2008, заради задоволување на барањата на инвеститорите.
- Ангажирање на вработените на сите нивоа за исполнување на Плановите, Политиката и Целите за квалитет.